Што е средношколско учество, а што неучество?
Зошто е важно учениците да учествуваат во одлучувањето уште од најмлада возраст?
Како една средношколска организација да биде успешна?
Како да не замре ученичкото учество во време на пандемија?
Ова се прашањата на кои ќе се обрне внимание за време на отвореното предавање „Средношколско организирање на генерацијата Zoom: Како до успешни средношколски заедници?“ кое ќе го одржи Матеј Поп-Дучев на 27-ми јануари (среда) од 18:00 часот на платформата за видео комуникација ZOOM.
Ако сте претседател/ка или член на средношколска заедница, сакате да формирате средношколска заедница или едноставно сакате гласот на учениците повеќе да се слуша во училиштата, тогаш ова предавање е за вас.
Целта на предавањето е учесниците да се стекнат со доволно информации, знаења и вештини кои ќе можат да ги пренесат на нивните соученици и да ги применат во работата на нивните организации.
За да присуствувате на предавањето потребно е да се регистрирате однапред на следниот линк најдоцна до 26-ти јануари. Пред настанот на вашата мејл адреса ќе Ви биде споделен линк за приклучување на Zoom.
Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.
За предавачот: Матеј е поранешен студент по Медицина и Глобално здравство на Универзитетот во Гронинген, Холандија, а во моментов работи во Програмата за истражување, анализа и креирање на младински политики во МОФ. Периодов Матеј работеше на истражување за средношколско организирање и учество во средните училишта на Град Скопје. Покрај тоа, Матеј е долгогодишен дебатер во МОФ и во моментов предава во напредниот клуб по средношколска дебата.