Барај
Close this search box.

#Отворено [ТВ Дебата]: Почитување на човековите права во Македонија

Отворено“ е вечерен дебатен ТВ проект кој на јавноста и нуди квалитетна дискусија на актуелни теми како придонес кон општествената дебата.
Првата емисија на Отворено ќе се емитува на 6 април (понеделник) 2015 год., со почеток од 21:00 часот на ТВ 24 Вести.

Пилот дебатата ја отвора темата Почитување на човековите права во Македонија, со посебен фокус на спречување и заштита од дискриминација, почитување на основните граѓански слободи и политички права, говор на омраза, како и презумпција на невиност.

Дебатираат: Иџет Мемети (Народен Правобранител), Душко Миновски (Комисија за заштита од дискрминација), Маргарита Цаца Николовска (Институт за човекови права) и
Уранија Пировска (Хелсиншки комитет за човекови права).

Секој кој сака да биде дел од дебатата ќе може да се пријави на http://goo.gl/26sAVs најдоцна до среда, 1 април, до 16:00 часот. Бројот на места во публика е ограничен.

Учесниците во студиската публика ќе бидат контактирани во четврток, 2 април.

Вашите прашања, аргументи и мислења споделувајте ги на #отворено

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: