Рокот за пријавување во клубовите за студентска дебата е продожен до 18-ти октомври 2024 година.
Младински образовен форум (МОФ) отвoра повик за членови на студентски дебатни клубови.
Дебатните клубови ќе се формираат на следните факултети:
– Правен факултет „Јустинијан Први”;
– Универзитет „Мајка Тереза”;
– Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Обуките се бесплатни и отворени за студенти од сите факултети и универзитети. Предавањата на Правниот и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе се спроведуваат на македонски јазик, додека на Универзитетот „Мајка Тереза“, предавањата ќе бидат на албански јазик. Клубовите ќе го следат British Parliamentary (BP) дебатниот формат кој претставува формат на студентска дебата. Обуката ќе трае во текот на зимскиот семестар на учебната 2024/2025 година, а по предавањата сите студенти ќе имаат можност да учествуваат на Национален студентски дебатен турнир кој ќе се организира во месец декември.
Доколку си студент, те интересира дебата и аргументирано изразување, пријави се со пополнување на формуларот достапен на овој ЛИНК!
ПРИЈАВИ се до 18 октомври 2024 година.
Сите пријавени на овој формулар ќе бидат контактирани телефонски за повеќе информации околу програмата и започнувањето на предавањата.
МОФ е младинска организација која од 1999 година овозможува образование за компетитивна дебата и критичко размислување.
Оваа активност е дел од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.