Отвори го умот за нови перспективи: Приклучи се во студентски дебатен клуб!

 Младински образовен форум (МОФ) отвoра повик за членови на студентските дебатни клубови.

Дебатните клубови ќе се формираат на следните факултети:

– Правен факултет „Јустинијан Први”;

– Филозофски факултет;

– Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Обуките се бесплатни и отворени за студенти од сите факултети. Клубовите го следат British Parliamentary (BP) дебатниот формат кој претставува формат на студентска дебата. Обуката ќе трае во текот на летниот семестар на учебната 2023/2024 година, а по предавањата сите студенти ќе имаат можност да учествуваат на Национален студентски дебатен турнир.

Доколку си студент, те интересира дебата и аргументирано изразување, пријави се на следниот линк: https://forms.gle/4cKAiMeYfQWHkhcf9

Сите пријавени на овој формулар ќе бидат контактирани телефонски за повеќе информации околу програмата и започнувањето на предавањата.

Рокот за пријавување е 15-ти февруари 2024 година.

МОФ е младинска организација која од 1999 година овозможува образование за компетитивна дебата и критичко размислување.

Оваа активност е дел од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје. 

 

Сподели