Денес, 28 април 2011 година, со почеток во 13:00 часот, во свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа финалната дебата на турнирот во Британска парламентарна дебата, организирана од Младински образовен форум [МОФ] и Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Финалната дебата е производ на натпреварувањето помеѓу 50тина студенти на додипломски студии на Правниот факултет, во рамките на турнирот во дебатирање кој се одржуваше на 26 и 27 април. Овие млади, во својство на влада и опозиција , како што наложува форматот, дискутираа за организација на парламентари избори и прашањето дали дијаспората треба да гласа на парламентарни избори, нуклеарната енергија, оправданоста на државна интервенција во стопанството и други општествено актуелни теми.
Главните аргументи на владата се го поддржуваа воспоставувањето на демократија, стабилизирање на состојбата на Либија и регионот, која може да се постигне преку едниствено воена интервенција. Главната аргументација на опозицијата е дека ваквиот принцип е селективен и наведоа примери на слични конфликти се решавни во минатото со ненасилни механизми и дека ваквиот пристап предизвикува повеќе штета од придобивки.
Младински образовен форум [МОФ] во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во изминатите 2 недели, во периодот од 11 – 21 април, спроведуваше обука за Британска парламентарна дебата на студенти на додипломски студии на Правниот факултет.
Победниците на финалната дебата Нина Цекиќ, Марија Станковиќ ќе учествуваат на меѓународниот натпревар во Британска парламетарна дебата во Сплит “Split Open” кој се одржува од 13-15 Мај. Нивното учество на турнирот е финансиски поддржано од Правниот факултет.