“Овој дом верува дека бракот е застарена институција”

Ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на јавната дебатата на тезата „Овој дом верува дека бракот е застарена инситуција“ која Младински образовен форум ја организира во соработка со Филолошки факултет „Блаже Конески“- Скопје.

Дебатата ќе се одржи во вторник, 5 ноември, со почеток во 18:00 часот во просториите на Филолошкиот факултет (Анфитеатар 3). Панелот на говорници ќе го сочинуваат 8 искусни дебатери, предавачи на дебатните клубови на Правниот и Фолозофскиот факултет.

Форматот на дебатата е Британска парламентарна дебата, формат кој се практикува во дебаните клубови на Филозофскиот факултет – Скопје и Правниот факултет – Јустинијан Први. Младински образовен форум спроведува редовни предавања за Британска парлентарна дебата во почетните и напредните групи во дебатните клубови на овие факултети

На оваа дебата студентите ќе имаат можност да се зачленат во дебатниот клуб на филолошки факултет. Со задоволство го очекуваме Вашето присуство и се надеваме дека активно ќе се вклучите во оваа актуелна дискусија преку презентирање на Вашите согледувања и ставови.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: