МОФ е членка на следните национални и меѓународни мрежи:
- International Debate Education Association, Netherlands (IDEA – NL)
- Национален младински совет на Македонија (НМСМ)
- Сојуз за младинска работа (СМР)
- Коалиција „Сите за правично судење“
- Платформа за медиумска писменост
- Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија
- Младинска платформа за сеопфатно сексуално образование
- Разбистри се’!
- Млади во криза
- Платформа против говор на омраза
- Национална комисија за УНЕСКО
- Работна група за креирање на политики за млади на Министерството за образование и наука
Подолу следи краток преглед на работата на секоја од мрежите:
Интернационална дебатна образовна асоцијација
International Debate Education Association (IDEA)
www.idebate.org | fb.com/iDebate
ИДЕА е чадор-организација на организации кои работат во полето на дебата и култура на дијалог. Организацијата е водечкиот овозможувач на дебатно образование, ресурси, тренинзи и настани за голем број на млади дебатери и тренери од светот. МОФ е една од активните организации-членки на мрежата и преку неа соработува со дебатните организации од регионот и Европа. Дебатни тренери од МОФ учествуваат како обучувачи, tab-officers и chief adjudicators на светското дебатно првенство за средношколци во ораганизација на ИДЕА, а членови на МОФ се дел од бордот на организацијата. ИДЕА е организација-членка на Европскиот младински форум.
Национален младински совет на Македонија (НМСМ)
www.nms.org.mk | fb.com/NMSMKD/
Националниот младински совет е платформа на 46 младински организации, организации за млади, младински сојузи и партиски подмладоци. Основната улога на НМСМ е претставување на потребите и интересите на младите и младинските организации, развој на капацитетите на младинскиот сектор, промоција на младинското учество и активно граѓанство, како и застапување и делување во името на младите. Во пракса, претставничкото тело како Национален совет за млади, е она кое треба да ги зацртува и дискутира младинските политики, и да биде партнер на институциите во процесите на консултација и донесување на одлуки поврзани со младите. Националниот младински совет е основан на 30 јуни 2013 година во Струга, по двегодишен процес на консултации, а МОФ е еден од основачите. Националниот младински совет е организација-членка на Европскиот младински форум.
Сојуз за младинска работа (СМР)
fb.com/sojuzzamladinskarabota/
Сојузот за младинска работа е мрежа од младински организации и организации кои работат со и за млади, чија мисија е регулирање и стандардизација на младинската работа, поддршка на младинските работници и подигнување на јавната свест за значењето на младинската работа. Визијата на СМР е младинската работа да биде препознаена и признаена како професија и да постои изграден систем за поддршка на младите луѓе и младинските работници.
Основната цел на СМР е афирмација и признавање на младинската работа, нејзино следење, проценување, унапредување и континуиран развој заради обезбедување квалитетна, ефикасна и ефективна поддршка на младиот човек.
Коалиција „Сите за правично судење“
http://all4fairtrials.org.mk/ | fb.com/all.for.fair.trials/
Kоалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ е коалиција во која на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани од Република Северна Македонија заради следење на судските процеси пред надлежните судови во Република Северна Македонија, со цел осигурување на загарантираните права за правично судење како што е предвидено со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори, зголемување на јавната свест и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, посочување на потребата и работа на можните реформи во судските постапки, зголемувањето на практичните знаења на студентите на право, зајакнување на улогата и капацитетот на невладините организации и друго. Коалицијата воедно се залага за еднаков пристап до правдата на сите граѓани на Република Северна Македонија преку давање на бесплатна правна помош.
Платформа за медиумска писменост
http://mediumskapismenost.mk/home/
Мрежата за медиумска писменост на Република Северна Македонија е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.
Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија (НМХТ)
Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија ја сочинуваат повеќе граѓански организации и неформални групи кои дејствувајќи координирано ќе организираат активности за видливост на ЛГБТИ заедницата и унапредување на човековите права на лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите лица и интерсексуалците. Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата се труди да воспостави почитување на принципот на солидарност помеѓу ЛГБТИ организациите и другите граѓански организации и индивидуи кои јавно се залагаат за почитување на сите човекови права за сите луѓе.
Младинската платформа за сеопфатно сексуално образование (ССО)
fb.com/MladinskaPlatformaZaSSO/
Младинската платформа за ССО е формирана во 2015-тата година од 8 младински организации (Младински образовен форум, ХЕРА која воедно е и Секретаријат на платформата, JEF- Македонија, Хопс – опции за здрав живот, Национален Младински Совет на Македонија, ИЗЛЕЗ – студентско списание, Y-PEER Македонија и Младите можат). Целта е обезбедување политичка и институционална поддршка за воведување на сеопфатно сексуално образование, како и зголемување на јавната свест за потребата од ваков тип на образование во училиштата во Северна Македонија. Платформата се води од Конвенцијата за правата на детето која истакнува дека младите имаат право „да побараат, примаат и да бидат снабдени со информации кои ќе им помогнат да го унапредат своето здравје” (член 13).
Македонска платформа против сиромаштија (МППС)
www.mpps.org.mk | fb.com/mppsmk/
Македонската платформа против сиромаштија (МППС) е сојуз на граѓани во кој на доброволна основа членуваат 91 здружение на граѓани и 5 индивидуални истражувачи, со цел намалување на сиромаштијата преку промоција на социјална правда, партиципативна демократија, заштита на човековите права, еднаквост, недискриминација и владеење на правото.
Оваа платформа настојува да иницира јавни дебати поврзани со овие прашања и ќе се стреми да го зајакне граѓанскиот сектор кој делува на овие полиња преку вмрежување со други европски и меѓународни сојузи и мрежи кои ги делат истите или слични вредности. Воедно, оваа мрежа ќе настојува да обезбеди одговорност и отчетност на надлежните јавни институции и владини органи во поглед на спроведувањето на преземените меѓународни обврски и одговорности. МППС е членка на Европската платформа против сиромаштија.
Разбистри сè!
https://razbistri.se/za-kampanjata/
„Разбистри сè“ е кампања на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Алијансата за застапување и лобирање, која се фокусира на два специфични проблема:
(1) управувањето со водните ресурси (како да се користи и заштити водата) и
(2) инспекцискиот надзор против прекумерното искористување на природните ресурси (минерални суровини, шуми, почва и вода).
Кампањата „Разбистри сè“ има за цел да ја подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми, да го зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики, како и да овозможи поголем дијалог од надлежните институции во процесот на креирањето на политиките.
Млади во криза
Оваа мрежа доаѓа како иницијатива на неколку младински граѓански организации и индивидуалци – младински активисти кои почувствуваа потреба да дадат придонес кон артикулација на потребите и ризиците на кои се изложени младите во оваа криза и ефектите што тоа ќе ги има врз општеството. Мрежата цели да даде поддршка и препораки на надлежните институции за начини на кои може да делуваат за да го заштитат интересот на оваа кревка група граѓани и на општеството. Поради ова се формираше иницијатива на 12 граѓански организации и сојузи, водени од млади или за млади, и индивидуалци со искуство во работа во
областа, кои ја насочија својата експертиза и искуства кои ги добиваат од работа на терен во текот на кризата, за да се создадат овие препораки. Во фасилитацијата на овој процес за креирање на координирани препораки на младинските организации беше вклучена и Фондацијата за демократија на Вестминстер.
Платформа против говор на омраза
Во платформата против говор на омраза членуваат Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Фондацијата за интернет Метаморфозис, Мултикултура, Пактис, ЛГБТ Центарот за поддршка и Младински образовен форум.
Во последниот период еден од позначајните процеси во рамки на оваа платформа беше подготвувањето на брошурата против говор на омраза која ги содржи основните информации за тоа што е говор на омраза, кој може да биде жртва, каде се пријавува и кои се последиците од говорот на омраза.
Национална комисија за УНЕСКО
Младински образовен форум е дел од Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, која во новиот состав функционира по одржаната конституивна седница на 15 јануари 2021 година.
Во оваа Комисија, со која претседава Министерката за култура на Република Северна Македонија, членуваат министри, претставници на државни институции, граѓански организации, уметници и активисти од областа на културата и заштитата на културното наследство. Оваа Комисија претставува советодавно тело на Владата на Република Северна Македонија и ја координира и унапредува соработката на Република Северна Македонија со УНЕСКО и државите-членки.
Работна група за креирање на политики за млади на Министерството за образование и наука
Во текот на октомври 2020 година се оформи работна група за креирање на политики за млади на Министерството за образование и наука (МОН), чија цел е да ги разгледува, дискутира и проследи до МОН сите предлози и иницијативи на младинските организации и неформалните мрежи и групи, за понатаму да бидат соодветно адресирани од страна на Министерството, согласно расположливите капацитети и ресурси.
Преку претставникот Димитар Низамовски, организацијата ќе добие прилика да доставува предлози од интерес на МОФ во областите млади и образование и ќе биде во тек со поважните процеси и активности, како и ќе се залага за застапување и унапредување на политиките и мерките кои ќе бидат во насока на подобрување на квалитетот на образовниот процес и генерално животниот стандард на младите во Северна Македонија.