Младински образовен форум распишува повик за учество на еден студент/ка дебатер/ка на Pécs Debate Academy “International Studies Summer School” која ќе се одржи во Печуј, Унгарија од 16ти до 27ми јули. Академијата е уникатна регионална иницијатива која започна со работа во 2013 година, а за цел има да промовира критичко размислување и аргументирано говорење.
Право на пријавување на повикот имаат сите студенти дебатери кои членуваат во дебатни клубови на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“- Скопје.
Летната школа – “International Studies Summer School” им дава можност на студенти од целиот свет да се вклучат во серија дебати на теми кои се тесни поврзани со меѓународни и глобални прашања, проблеми и предизивици.
Тема на академијата оваа година е: „Села во урбаниот свет”. Официјален формат на дебатирање е „Британска парламентарна дебата“, a официјален јазик на настанот е англиски.
Организаторот на академијата за најактивните учесници доделува 7 ЕКТС кредити.
Поради барањата на организаторот на настанот, кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- да бидат редовни или вонредни студенти
- да бидат почетници дебатери(novice debaters) и/или да имаат основно познавање на форматот на дебатирање „Британска парламентарна дебата“
- да имаат добро познавање на англиски јазик
Кандидатите треба да испратат CV и мотивационо писмо на debata@mof.org.mk најдоцна до 30ти јуни 2014 година.
Благодарение на соработката со организаторите, учеството (партиципацијата) на академијата е бесплатно. Избраниот студент/студентка треба самостојно да ги покрие трошоците за превоз.
Изборот на кандидатот го спроведуваат претседателот и координативниот тим на дебатната програма на МОФ.
Повеќе информации за повикот може да добиете на debata@mof.org.mk и на веб-сајтот на организацијата.