Перформанс: „Ќе има војна“ – Кунстверкштат

„Ќе има војна. Ќе има војна.
-Доста беше и ваков мир.“

Групата Кунстверкштат во рамките на Медиа/Арт клубот Скопје на Младински образовен форум ве поканува на театарскиот перформанс „Ќе има војна“ на 30.12.2014 во клубот Маркана со почеток во 21 часот.

Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на перформативната уметност кои наоѓаат совршен спој на театар и активизам. Започна како идеја на двајца, а прерасна во друштво без граници на креативност и многу љубов. Од февруари 2013, скоро цела година непрекинато изразуваме незадоволство, бес, среќа, радост, тага, љубов, омраза, возбуда, страв едни меѓу други.

Во константната битка за слобода, својата реалност ја бараме во алтернативниот театар. Нашиот репертоар ги вбројува перформансите „Нешто мора да се смени“ и „Банки дигнаа палати“ кои беа изведени неколку пати до сега. На големо задоволство ве повикуваме да ни се приклучите во првата изведба на нашиот најнов перформанс „Ќе има војна“ за поубава 2015та.

Голема благодарност до Ангела Стојановска, која е најзаслужна за сценариото и подготовката на перформансот.

По перформансот, кој трае 30 минути, ќе се дружиме и продолжуваме со забава.

Ве замолуваме да бидете точни.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: