Барај
Close this search box.

Петто место за македонските средношколци на Светското дебатно првенство

Симона Сарафиновска го освои второто место како најдобар дебатер на Светското дебатно првенство. Тимот на МОФ Македонија, во кој покрај Сарафиновска учествуваа Петар Ивановски и Филип Бујароски, заврши  на петтото место кога станува збор за средношколска дебата, што е најголем досегашен успех на македонска делегација на Светското дебатно првенство во Карл Попер формат.

Тимот во осмина финале влезе со максимален број на победи во 6 прелиминарни рунди. Во четвртина финалето пак со 3:2 поделена одлука, ја загуби дебатата од литванскиот тим.  Поделеноста на одлуката покажа дека дебатата беше квалитетна, а судиите имаа навистина тешка дилема.

Токму литванскиот, беше тимот кој го освои првото место на првенството. Втор заврши тимот од Пакистан, кој беше поразен во дебатата на тезата „Универзитетите треба да ги направат достапни за општата јавност сите академски дела кои ги произведуваат, вклучувајќи академски трудови, учебници и снимени предавања“.

Кога станува збор за поединечни говорнички поени, покрај Серафиновска во првата тројка се најдоа двајца Пакистанци, Заинаб Хамид на првото место и Ахмед Гондал на третото.

На овогодинешното светско дебатно првенство кое од 13до 26 август се одржува во Гејлвеј, Ирска, учествуваат повеќе од 200 млади од педесетина земји ширум светот. Во рамките на овој Форум, секоја година се одржува Светското дебатно првенство за средношколци во Карл Попер формат. Оваа година 36 тимови се бореа за титулата „најдобар дебатен тим на светско ниво“, а тимот на Радио МОФ овозможи видео стрим на одржаните дебати.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: