Период: 01.09.2015 – 31.12.2015
Донатор: OSCE Mission to Skopje
Носител на проектот: OSCE Mission to Skopje во соработка со Младински образовен форум и Центар за интеркултурен дијалог
Краток опис на проектот:
По основањето на локалните младински совети, како дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, ОБСЕ заедно со МОФ и ЦИД продолжија да работат на градење на капацитетите на 3 локални младински совети во општините Битола, Кичево и Центар.
Целта на овој проект е да се изградат капацитетите на членовите на локалните младински совети преку серија тренинзи преку подоготвка на сите внатрешни потребни документи за функционирање, подготовка на годишни програми и можностите за водење на советите и аплицирање на проекти за финансиска поддршка на нивните идеи и активности. На крајот на проектот, за прв пат во Македонија ќе се организира конференција за сите основани локални младински совети. На оваа конференција ќе има шанса да присуствуваат членови од сите младински совети, да дискутираат за најразлични прашања поврзани со младите, да разменуваат искуства и контакти и да склучат идни соработки.
Предвидените активности во проектот ќе придонесат за успешно функционирање и долгорочна оддржливост на локалните младински совети во Битола, Центар и Кичево, како и за одржување на првата конференција за локални младински совети во Република Македонија.