Барај
Close this search box.

Подмладоците и невладините заеднички ќе го подобруваат Предлог-законот за млади

44 организации доставија предлози за измени на Предлог-законот за млади

dona 355

Иницијативата на младинските и граѓанските организации за подобрување на Предлог-законот за млади доби поддршка и од подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Овој заклучок беше донесен на средбата на која 44-те организации ги претставија своите предлози за измени и дополнувања на нацрт-текстот на Законот за млади пред претставниците на подмладоците на најголемите парламентарни партии. Подмладоците и невладините ја поздравија иницијативата и ја потврдија потребата од истата се договорија дека ваквата иницијатива е потребна и е за поздравување и се заложија да продолжат да реализираат средби, да дискутираат и да изградат заеднички ставови со кои ќе го подобрат Предлог-законот за млади, пред да биде усвоен од Собранието на Република Македонија.

Ваквиот равој на настаните доаѓа откако младинските организации поднесоа официјални предлози за измени на Предлог-законот за млади, кој претходно беше оценет како недемократски, неинклузивен, рестриктивен, неефикасен и изработен во нетранспарентна процедура. 44-те организации на Собранието му предложија изменет текст на Предлог-законот, кој нуди модел на младинско организирање креиран според препораките на Советот на Европа и Европскот младински форум. Клучните измени се однесуваат во делот на младинското организирање на национално ниво, со што младинските организации ќе се дистанцираат од останатите здруженија, без при тоа да се создаваат непотребни и доплнителни административни, бирократски и финансиски бариери

Националниот младински парламент е суштинската промена кои овие предлог измени ја воведуваат во нацрт текстот кој е предмет на јавна дискусија. Во согласност со европските стандарди за учеството на младите во јавниот живот на локално, регионално и национално ниво се предвидува формирање на младинска чадор организација како самоорганизирачко тело на сите форми на здружување на младите во Република Македонија.

Ваквото тело би било највисоко претставничко тело на младите во државата кое ќе ги застапува нивните интереси во процесите на одлучување на национално и меѓународно ниво. Предвидената структура овозможува учество на сите млади без разлика на нивната возраст, политичка ориентација, формално или неформално здружување, етничка, верска или друга припадност. Предвидената структура овозможува младите да гласаат, да бидат гласани и директно и активно да учествуваат во процесите на донесување на одлука и со тоа да допринесат во општествениот развој.

Новина во предлпозите на младинските организации е и Државната комисија за млади, коменаџмент тело кое ќе обезбеди континуиран и структуиран дијалог помеѓу Владата и младите. Во ова тело, покрај претставниците на Владата која директно ги назначува, има и претставници кои се директно назначени од страна на Националниот младински парламент и кои ќе ги претставуваат интересите и мислењата на сите млади во Република Македонија.

Формирањето на едно вакво тело ќе преставува напредок во законодавството на Македонија и показател за посветеноста на Владата на Република Македонија за решавање на проблемите на младите и унапредување на состојбите во младинскиот сектор.

Предложените измени во голема мера го задржуваат основниот концепт Локалните младински совети предложени во првичниот нацрт-текст. Интервенцијата е во додефинирање на начинот и критериумите за избор на членовите на локалните младински совети, гарантирајќи застапеност на сите локални младински структури, вклучувајќи ги подмладоците на политичките партии, малолетните млади и неформалните здруженија кои делуваат на територијата каде се формира локалниот совет.

44-те младински и граѓански организации го поздравуваат конструктивниот однос на партиските подмладоци и ги повикуваат сите пратеници во Собранието да ги прифатат предложените измени и дополнувања на Предлог-законот за млади, во интерес на поддршка на младите од Македонија. Овие организации стојат на располагање за дискусија и консултација со сите институции, органи и авторитети со цел да се изнајде заедничко законско решение кое ќе гарантира младинско организирање по европски терк. Младинските организации ќе ги бранат своите предлози на јавната седница на Комисијата за образование, наука и спорт, закажана за 12-ти октомври 2011 година, во 12 часот.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: