Успесите на дебатерите од МОФ дебатните клубови продолжуваат. Дебатерите од МОФ дебатниот клуб-Велес по освоеното 2-ро место на интернационалниот дебатен турнир Macedonia Open 2011, беа одликувани со 9-то Ноемвриско признание кое го доделува општина Велес.
Средношколците Моника Саздова, Дејан Ризински и Весна Радиновска докажаа дека дебатниот клуб од Велес располага со квалитетни дебатери кои може да се носат со предизвикот да се натреваруваат со своите врсници од Балканот. Преку 6те прелиминациони рунди велешките дебатери обезбедија место помеѓу 4те најдобри тимови и во полуфиналната дебата ги победија и дебатерите од Скопје.
Во свеченото финале тимот од Велес се пресретна со тимот од Хрватска, кој ги победи Mоника, Дејан и Весна во финалето.
Со вкупно 13 судиски гласови, тимот од Велес го освои сребрениот медал и второто место на дебатниот турнир Macedonia Open, a со тоа и целосно го заслужи признанието од Советот на општина Велес.
Честитки од Младински образовен форум!