Како да го преживееме политичкиот ПМС?
Младински образовен форум организира целодневен настан на тема политички партии, изборни модели и политички системи. Целта на настанот е да понуди основно теоретско знаење од областа на политиката но и простор за дискусија за како политичкиот дискурс влијае на младите, особено онаму каде системот се соочува со криза.
Теми на трите панелни предавања*:
1. Политички ситеми – М-р Марко Кртолица, соработник на катедрата по Уставно Право и Политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
2. Политички партии (ќе биде објавено наскоро)
3. Изборни модели – Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ
Предавањата ќе бидат проследени со јавна дебата** на тема:
“Гласањето (не) треба да биде задолжително”.
Ги покануваме сите млади кои се чувствуваат изгубено и обесхрабрено и сакаат да научат нешто повеќе за овој политички ПМС.
*Бројот на учесници на панелните предавања е ограничен- затаа цел пријавете се на: http://goo.gl/forms/
**Јавната дебата е од отворен карактер