Период на реализација: 01.02.2013 – 30.11.2013
Донатор(и): Фондации Отворено општество
Краток опис на проектот: Проектот има за цел да утврди дали дискриминацијата може да се сретне како практика во високото образзование, кои се нејзините форми на јавување и колку се препознаети од чинителите во високото образование, степенот на зачестеност, нивото на толеранција. Ставовите на студентите по овие прашања ќе бидат утврдени преку спроведување на прашалник на најголемиот дел од факултетите во склоп на УКИМ.
Со цел да се утврди ефективноста на механизмите за заштита, проектот вклучува истражување на постоечките документи со кои се регулира оваа појава независно дали се работи за регулација на ниво на универзитет, одделните факултети или надлежните државни органи. Истражувањето ќе опфаќа и анализа на досегашни практики на пријавување на случаи на дискриминација од страна на засегнатите страни вклучени во процесот на високото образование.
Добиените резултати и анализта ќе бидат проследени со препораки за надминување на констатиранта состојба, изработени по аналогија на позтитвните компаративни практики од соседните земји. Предвидено е систематизирање на наодите во публикација која ќе биде промовирана на јавни трибини на факултетите во склоп на УКИМ.
Со цел покревање на свеста за овој проблем но и имплементација практични решенија за намалување на степенот на дискриминација, предвидена е и соработка со Студентскиот правобранител и Студентскиот парламент на УКИМ.
Проектот се спроведува во соработка со Коалиција ”Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.