На 27.12.2017 дел од членовите во почетниот Учиме право клуб во рамки на програмските активности беа на посета на Основниот суд во Куманово, како трет по големина во Република Македонија.
Учениците беа пречекани од страна на претседателката на судот, судијката Снежана Манев. Тие имаа можност да се запознаат со работата на судот, со неговиот делокруг на работа, како и тоа како изгледа еден работен ден на судијата.
Во рамки на оваа посета, членовите на клубовите присуствуваа на судски спор во рамки на граѓанската материја при судијката Марија Скалова.