Посета на Основен Суд Скопје II Скопје

Средношколците членови на Учиме право клубовите од Скопје на 15.05.2013 година ќе имаат прилика да го посетат Основниот Суд Скопје II Скопје кој ги отвори своите врати за младите кои сакаат да се запознаат поблиску со работата на судот, да се запознаат со судската надлежност и постапките кои се водат пред судот како и да согледаат како се применува правото во праксата. Во рамки на оваа посета средношколците ќе имаат прилика да научат повеќе за граѓанското право и граѓанските постапки кои се водат пред Основниот Суд Скопје II Скопје а полнолетните членови на Младински образовен форум за прв пат ќе имаат можност како јавност да проследат главна расправа и практично да го видат текот на главната расправа.

Покрај тематската целина Казнено право која ја изучуваат во рамки на програмата Учиме право, во рамки на која имаа прилика да проследат и предавања од јавни обвинители, како и големиот број на реализирани симулации на судења од областа на кривичната материја, членовите на Учиме право клубовите во месец април и мај имаа можност да се запознаат поблиску и со граѓанското право. Во рамки на предавањата по Учиме право средношколците се запознаа повеќе со тоа што уредува граѓанското право кое претставува наше секојдневие, научија повеќе за тоа што претставуваат договорите, кој може да биде договорна страна, видови на договори, што значи неисполнување на договорот, потоа што значи причинување на штета, видови штета и надомест на штета. Покрај основите на договорното право, се запознаа и со семејното право, правата и обврските од работните односи, а имаа можност преку работилници и практично да ги применат своите знаења. Преку посетата на Основниот Суд Скопје II Скопје средношколците ќе имаат можност да се запознаат со практичната примена на правото и судската пракса.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: