На ден 13 март 2019 година членовите на Младински образовен форум од почетниот клуб на Учиме право од Куманово беа присутни на седницата на Советот на Општина Куманово. Советниците заедно со Претседателот на Советот им објаснија за тоа што претставува Совет ,кој го сочинува Советот, зошто се одржува седницата на Советот и колку е важно да се оддржуваат седници на Советот на Општина. Учесниците имаа можност и да присуствуваат на самата седница и да го согледаат начинот и функционирањето на седниците на советот и одблиску да се запознаат со нивната работа.
Активноста се спроведува во склоп на проектот: Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.