По интензивни подготовки во изминатите месеци, во петокот, на 23 јули, поискусните предавачи по дебата го ставија на тест тимот што ќе не претставува на Светско дебатно првенство.
Овие неколку дена, константно се организираат пробни дебати каде младите дебатери ги зацврстуваат дебатерските вештини и ги ставаат во функција стекнатите знаења.
Светското дебатно првенство започнува во понеделник, а младите дебатери ќе се борат за титула Светски дебатен првак во средношколска дебата.
Стискаме палци и им посакуваме многу среќа!