Изложбата „Ана Франк–Историја за денес“ повторно во Скопје

По повод сеќавање на трагичниот настан „Кристална ноќ“, Младински образовен форум ја постави изложбата „Ана Франк – Историја за денес “ во сабота (9.11.2019) со почеток од 17:30 часот до 23 часот на плоштад „Филип Втори“ во Скопје.

Ноќта помеѓу 9 и 10 ноември 1938 година нацистите организираат масовен напад на еврејските заедници во Германија. Името „Кристална ноќ“ потекнува од Берлин, каде улиците се покриени со стакло од скршените прозорци. Скоро 30.000 Евреи беа уапсени и депортирани во концентрациони логори, 267 синагоги се изгорени, околу 7.500 еврејски станови и продавници се уништени, над 200 Евреи се убиени.

Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик, кои носат бројни детали од животот на малата Ана, Холокаустот, подемот на нацизмот за време на Втората светска војна, исто така, има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.

Настанот беше организиран со поддршка до Меморијален Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија и Град Скопје.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: