Нови табли во рамките на проектот „Before I die..“ се поставени на местото на искршените во немилиот настан пред два дена кога вандали го уништија ѕидот за слободно изразување на граѓаните. Новите табли се поставени на старото место, а на нив минувачите ќе може да ја довршуваат реченицата„Пред да умрам сакам..“
Инсталацијата е инспирирана од младата американска уметница Кенди Ченг, авторка на проектот Before I Die, реплициран во голем број светски метрополи, при што една од лиценците беше дадена и во Македонија.
Ваквите табли се дел од проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум. Младите активисти, вклучени во проектот, преку есеи, мултимедијални содржини (видео, аудио, фотографија и графички дизајн) и кампањи ги промовираат основните демократски вредности во заедниците во кои што живеат.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
28/10/2024