Барај
Close this search box.

Постави срце – за подобар училишен инвентар!

Период на реализација: септември 2013 – јануари 2014

Донатор: УСАИД

Краток опис на проектот:

„Постави срце – за подобар училишен инвентар!“ е иницијатива на четири средношколки од Скопје, членови на МОФ кои беа дел од одвогодинешната МОФ Летна академија. Целта на „Постави срце“ е да ги потенцира желбите на учениците за подобра образовна средина и да ги приближи до оние кои треба да го решат проблемот на немање квалитетен инвентар за работа и учење. Акцијата е наменета за сите средношколци кои сакаат да учат во училиште кое ќе обезбеди функционална работна средина.

Акцијата вклучува поставување на срциња изработени од хартија, картон и волница на инвентар во училиштата кој е расипан, искршен или неупотреблив. Доколку сакате да се вклучите се што треба да направите е да:

  • направете срце од било каков материјал
  • да го поставите на скршен или неупотреблив инвентар во вашето училиште
  • да го фотографирате
  • и да ни ја испратите фотографијата на postavisrce@gmail.com или на нашата Фејсбук страна
  • или директно да ја постирате фотографијата на инстаграм со хаштаг : #postavisrce

Целата иницијатива треба да биде спроведена заедно со сите средношколци од Македонија кои сметаат дека треба да се вклучат во неа со тоа што ќе постават срце и ќе испратат фотографија на postavisrce@gmail.com или ја споделат на Фејсбук страната.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: