Потпишан меморандум за соработка со Дирекција за заштита на личните податоци

Дирекцијата за заштита на личните податоци и Младински образовен форум потпишаа Меморандум за соработка со што се потврдува одличната соработка во континуитет и заедничкиот интерес на организациите за едукација и информирање на граѓаните, особено младата популација, на тема заштита на приватноста, заштита на лични податоци и други сродни области.

Целта на потпишувањето на овој Меморандум е утврдување на заедничките активности поврзани и со проектот „Час по приватност“, кој во следниот период ќе се спроведе во средните училишта во Град Скопје.

„Подигањето на свеста за безбедно користење на интернетот, создавање на општество и култура на почитување на приватноста, заштитата на личните податоци, се цели од заеднички интерес“, се согласуваат од двете организации.

Во следниот период се очекува спроведување на заеднички активности за подигање на нивото на свеста на повеќе целни групи во воспитно – образовниот процес: ученици, родители, наставници, за потребата од почитување на прописите за заштита на личните податоци, вклучувајќи и содржини за неповредливост на домот, тајност на комуникација, тајност на писма, говор на омраза, однесување на социјални мрежи, итн.

Повеќе на http://www.dzlp.mk/mk/node/3036

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: