Повик за истражувачки проекти

Младински образовен форум распишува повик за 2 истражувачки проекти  од областа на високото образование. Преку овој повик, сакаме да овозможиме спроведување на истражувања на нови теми кои студентите сметаат дека се релевантни, и да обезбедиме менторство и поддршка за студентите истражувачи.

povik-za-istrazuvacki-proekti-01-01-1024x625Услов кој апликантите мора да го исполнуваат е да се на возраст од 19 до 28 години. Заинтересираните се охрабруваат да аплицираат за секое прашање кое го сметаат дека е значајно и го засега високото образование во Македонија.  Истражувањето може да биде изведено со сите техники на истражување кои се во согласност со методолошките правила и принципи. Истражувањет треба да биде финализирано во времетраење до 2 месец најдоцна до 31.01,2015.Крајниот рок за доставување на апликацијата е 28.11.2014

Потребни документи за апликација:

–  Апликационен формулар

–  CV

–  Мотивациско писмо  (максимум 300 збора)

При изборот на истражувачките проектот во предвид ќе се земат следниве критериуми:

–  Значајност и актуелност на избраната тема

–  Квалитет на предложена методологија

–  За предност ќе се смета истражувачко искуство на кандидатот

На избраниот кандидат ќе му биде овозможена финансиска поддршка од страна на МОФ, за реализирање на предвидените активности

Апликациите се доставуваат на policy@mof.org.mk.

За дополнителни информации слободно контактирајте не на monika_bozinoska@mof.org.mk

Сподели