Младински образовен форум (МОФ) во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности имплементирана од страна на Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со CEED Hub Skopje и Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за анкетари за теренско спроведување на истражување.
Целта на ова истражување е да се добијат податоци за тоа кои професии ги привлекуваат младите во Северна Македонија, како и причините за популарноста на овие професии и очекувањата на младите од идните работодавачи. Истовремено, ова истражување ќе ги идентификува вештините и компетенциите кои им се потребни на младите за успех во овие професии.
За потребите на истражувањето, отвораме повик за 20 (дваесет) анкетари кои ќе бидат директно вклучени во теренското спроведување на истражувањето и внес на податоците. Теренското истражување предвидува спроведување на прашалници во сите 8 плански региони во државата.
За подготовка на избраните анкетари ќе биде организирана еднодневна обука на 31 август (четврток) на која е задолжително да присуствуваат избраните анкетари. За прибирање и внесување на податоците, анкетарите ќе бидат ангажирани во месеците септември и октомври 2023 година, не повеќе од 7 дена.
Сите заинтересирани за овој повик потребно е:
- Да се полнолетни;
- Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување;
- Да се во можност да го спроведуваат истражувањето во текот на работно време во работните денови;
- Во периодот од септември и октомври да бидат во државата и во можност да го извршат анкетирањето;
- Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност;
- Да присуствуваат на еднодневен тренинг на 31 август во Скопје;
- Да поседуваат добри комуникациски вештини.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават своја биографија (CV), најдоцна до 25 август (петок) 2023 година до 23:59 часот на електронската адреса policy@mof.org.mk со назнака „Пријава за анкетар“. Избраните анкетари ќе бидат известени на 28 август 2023 година за времето и локацијата на еднодневниот тренинг, а за ангажманот е предвиден финансиски надомест. За учесниците надвор од Скопје превозот ќе биде покриен од страна на организаторот во висина на повратен автобуски билет.
Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/МОФ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).