Вклучи се во тимот на МОФ!
Младински образовен форум објавува Повик за асистент/ка за логистика одговорен/на за обезбедување логистичка и техничка поддршка на програмските и проектните активности во рамки на организацијата.
Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Асистент/ка за логистика
ЛОКАЦИЈА: Канцеларија на МОФ, Скопје
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ/КАТА:
- Да има навршено 18 (осумнаесет)години;
- Способност за работење во динамична работна средина;
- Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
- Способност за непречена комуникација со организации, институции и медиуми;
- Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
- Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
- Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
- Можност да работи за време на викенди;
- Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на програмата и организацијата.
ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:
- Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик. Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Минимум завршено средно образование. Завршено високо образование во областа наменаџмент или човекови ресурси ќе се смета за предност;
- Минимум 1 година работно искуство во спроведување на постапки за обезбедување на понуди (procurement procedure);
- Искуството со работа во невладин сектор и/или донаторски проекти е пожелно и ќе се смета за предност;
- Напредно познавање на MS Office алатките: Word, Excel и PowerPoint.
ОПИС НА ГЛАВНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Исполнување на работно време од 40 работни часа неделно;
- Активна вклученост во исполнувањето на стратешките цели, приоритети и активности на МОФ;
- Одржување на редовна комуникација и координација со Извршниот директор, Програмскиот директор, Претседателот и Административниот директор на МОФ, програмските/проектните тимови и младинските центри на МОФ;
- Обезбедување на техничка и логистичка поддршка на програмските и проектните тимови при организирање на настани и активности на МОФ;
- Планирање и обезбедување простор, барање на спонзорства, правење набавки, контактирање на надворешни инволвирани лица;
- Обезбедување на материјали за реализирање на активностите на МОФ;
- Организирање на настани, семинари, конференции и обуки на МОФ;
- Водење на уредна архива (списоци за присуство, евалуации, понуди, фактури, записници и сл.) за активностите;
- Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а.
ШТО НУДИМЕ:
- Флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија и млади луѓе;
- Поддршка во исполнување на работните задачи;
- Двонасочна евалуација на перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој;
- Проширување на мрежата на познанства со претставници на други организации и институции во земјава и странство;
- Можност за унапредување на лични и меки вештини;
- Учество на настани, конференции, семинари, обуки како претставник на МОФ.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 12.03.2023 година (недела) до 23:59 часот на info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk со назнака „Апликација за асистент/ка за логистика“со испраќање на:
– Биографија (CV) и
– Moтивациско писмо во должина до 1 страница.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Младински образовен форум.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете се на: info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk.