Младински образовен форум и Радио МОФ, во рамки на проектот „Empowering youth for social engagement through media“ поддржан од National Endowment for Democracy, објавуваат повик за членови во Новинарски клуб во Скопје.

Членовите на клубот ќе имаат можност да се здобијат со практични знаења во областа на новинарството и да работат со новинарот Огнен Јанески кој ќе ги води низ процесот.

Средбите на клубот ќе се одвиваат на неделно ниво во просториите на МОФ во Скопје во периодот октомври 2019 – мај 2020 г. Во овој период членовите ќе имаат можност да работат на изработка на вести, подкасти, аудио и видео емисии, видеа и истражувачки стории кои ќе бидат објавувани на Радио МОФ. Членството во новинарскиот клуб е бесплатно.

Пред почетокот на средбите на клубот, учесниците ќе треба да посетат тродневен тренинг каде што ќе се здобијат со практични знаења за пишување на вести, идентификување на јавниот интерес и креирање на продукт според новинарските стандарди.

Заинтересираните апликанти треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се студенти по новинарство или туку што дипломирани новинари;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за новинарство;
  • Да се во можност да учествуваат на трите денови од тренингот во закажаниот термин.

Работниот јазик на средбите во клубот и тренингот ќе биде македонски.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 6-ти октомври 2019 г. (недела), преку пополнување на апликацијата на следниот линк. Сите заинтересиран може да се обратат на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk или на телефонскиот број 02/3139 692.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: