ИЗВЕСТУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека на инфо сесијата и во повикот е потенцирано дека по пошта ќе бидат примени понуди со печат заклучно до 13.07.2023 година (четврток), а во интерес на понудувачите и со цел обезбедување транспарентност во процесот на избор, комисијата за избор на понудите ќе ги разгледува само понудите со печат заклучно со 13.07.2023 година, кои ќе пристинат по пошта заклучно со 21.07.2023 (петок) до Младински образовен форум. Постапката на финализирање и избор на понуда ќе биде финализирана на 24.07.2023 (понеделник).
РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ : 13 јули (четврток) 2023 година, 17:00 часот
ЗА МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ (МОФ)
Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество за општествен развој на младите. МОФ ја исполнува својата мисија преку спроведување на активности во своите четири програми:
1.Дебатна програма;
2.Учиме право програма;
3.Младински активизам;
4.Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики;
Изминативе години МОФ беше директно вклучен во процеси кои ги унапредуваат младинските политики и го зајакнуваат младинското учество. Во 2015 година МОФ основаше и градеше капацитети на 12 младински совети во 12 општини на национално ниво. Во 2017 и 2018 година МОФ учествуваше во креирањето на новиот Закон за високото образование, а изработи и предлог- текст за промена во Законот за средно образование кој го гарантира ученичкото учество на ниво на клас, училиште и на ниво на средношколци на национално ниво. Претставници на МОФ беа вклучени во работната група која го креираше Законот за младинско учество и младински политики кој се донесе во јануари 2020 година, а во 2020 ја основаше платформата за застапување за политики кои ќе ја олеснат позицијата на младите во пандемијата: Млади во криза.
Преку изработка на истражувања, анализи и предлози за квалитетни младински политики, МОФ постојано се труди да го намали јазот помеѓу младите и институциите, а подобрувањето на квалитетот на образованието е трајната цел на организацијата. Секоја година повеќе од 30 млади и студенти поминуваат обука за младински тренери и се вклучуваат во неформално образование, како ментори на младинските клубови на МОФ.
Покрај неформалното образование, МОФ организира тренинзи, работилници и академии за млади со цел да овозможи простор за младинско здружено делување и градење на капацитетите на младите за остварување на нивните права, додека пак преку содржините на Радио МОФ, организацијата постојано го унапредува младинското информирање и обезбедува простор за развивање на квалитетна јавна дискусија.
Визијата на МОФ гласи: Младите се активни граѓани во слободно демократско и интегрирано општество во кое имаат квалитетно образование.
МОФ е основан во 1999 година. Оттогаш работи на национално ниво во 14 градови (Скопје, Битола, Велес, Тетово, Струга, Теарце, Делчево, Струмица, Гевгелија, Маврово Ростуше, Штип, Куманово и Кратово). Преку 100 млади кои се членови на генералното Собрание на МОФ учествуваат во управувањето на организацијата, а во 30-те младински клубови на годишно ниво се вклучуваат повеќе од 100 млади. Преку сите активности, отворени настани и младински тренинзи, МОФ на годишно ниво во својата работа вклучува 3000 млади. Во рамките на организацијата е основано и работи првото младинско онлајн радио во Македонија – Радио МОФ (www.radiomof.mk).
- ЗА ПОВИКОТ
Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со Канцеларијата на Висок комесаријат на ООН за бегалци (УНЦХР) отвора повик за доставување на понуди за креирање и спроведување на младински театарски перформанс а во рамки на проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за лицата под мандатот на УНХЦР”.
Понудувачот треба да испрати целосен концепт за младинскиот театарски перформанс како и јасна временска рамка (повеќе информации во документот Анекс 2 – Наративна понуда).
Понудувачот треба да креира и спроведе младински театарски перформанс, наменет пред сѐ за млади лица (од 15 до 29 години) кој ќе има за цел да ги информира, едуцира и да ја зајакне емпатијата и солидарноста помеѓу младите луѓе во врска со бегалците, барателите на азил и/или лицата без државјанство. Специфично, потребно е да се развие/креира младински перфоманс и да се спроведе во 5 различни градови во државата, односно по еден младински театарски перформанс по град.
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
2.1 Следните документи (анекси) се интегрален дел од Повикот и истите може да ги најдете во прилог.
- Информативна сесија
Младински образовен форум (МОФ) заедно со УНХЦР ќе организира онлајн информативна сесија за сите заинтересирани апликанти на 10 јули (понеделник) со почеток од 12:00 часот. Заинтересираните апликанти треба да испратат име и презиме и име на субјектот со кој што ќе аплицираат најдоцна до 7 јули (петок) на petar_barlakovski@mof.org.mk. МОФ ќе го сподели линкот со заинтересираните апликанти.
МОФ и УНХЦР ги охрабруваат сите заинтересирани апликанти да учествуваат на информативната сесија.
- ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПОНУДАТА
- Понудата треба да биде напишана на Македонски јазик.
- Целосната понуда треба да е содржана од два вида документи:
а) Техничка Понуда
б) Финансиска понуда
– Со избраниот правен субјект, МОФ ќе склучи договор за испорачување на услуги, и плаќањето ќе биде извршено врз основа на потпишаниот договор, по испорачаната услуга според доставена фактура.
- Содржина на техничката понуда
- Информации за субјектот и неговите квалификации
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ТЕХНИЧКАТА ПОНУДА
а) Портфолио на правниот субјект[1]
б) Tековна состојба од Централен регистар
в) Кус наративен и финансиски извештај за претходната година
г) Анекс 2 (Наративна понуда)
- МИНИМУМ КРИТЕРИУМИ:
а) Доказ за искуство во полето на креирање и спроведување на театарски перформанси/претстави
б) Доказ за искуство за работа со млади и за млади
- ПОЖЕЛНИ КРИТЕРИУМИ:
а) Претходно искуство во креирање на театарски перформанси/претстави поврзани кои имале за цел да ги информираат, едуцираат и да ја зајакнат емпатијата и солидарноста помеѓу младите луѓе во врска со бегалците, барателите на азил и/или лицата без државјанство. б) Претходно искуство со работа со бегалци, баратели на азил и/или лица без државјанство.
ВАЖНО: Оние понуди кои не ги исполнуваат минимум критериумите и кои нема да ги испратат потребните документи под точките 1.1 и 1.2 нема да бидат земени предвид при евалуација на понудите.
- Анекс 2 (Наративна понуда)
Наративната понуда треба да биде испратена во формуларот кој е прикачен во прилог односно во Анекс 2. Понудувачот треба детално да објасни на сите прашања кои што се поставени во рамки на самиот документ. Прашањата се однесуваат на 1) предлог-концепт за младинскиот театарски перформанс 2) предлог-временска рамка за младинскиот театарски перформанс и 3)организациска способност и искуство.
- Лица кои ќе бидат ангажирани во рамки на перформансот
- Во рамки на потребните документи за техничката понуда потребно е да се испрати и лична биографија (Curriculum Vitae – CV) на лицата кои што ќе бидат клучни за креирање и спроведување на младинскиот перформанс.
- СОДРЖИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОНУДА
Финансиската понуда треба да да биде испратена како засебен документ во посебно плико. Понудувачите при креирање на финансиската понуда треба задолжително да го користат формуларот во прилог (Анекс 3). Оние финансиски понуди кои ќе бидат испратени во различен формулар нема да бидат земени предвид. Цените искажани во финансиската понуда треба да бидат искажани во денари. Дополнително, при вметнување на цените во финансиската понуда треба да бидат пишувани цени без ДДВ поради тоа што се работи за проект ослободен од ДДВ.
- ИЗБОР НА ПОНУДАТА
Изборот на најсоодветната понуда ќе се врши врз основа на оценување. Оценувањето на понудите ќе се врши од страна на комисија креирана од Младински образовен форум и УНХЦР која ќе ги оценува техничкиот и финансискиот дел од целосната понуда. Соодносот на оценување ќе биде следниот
Техничка понуда – 60 поени, каде што
- Претходно искуство во креирање на креирање и спроведување на театарски перформанси/претстави – 15 поени
- Претходно искуство со работа со млади и за млади – 15 поени
- Наративна понуда (Анекс 2) – 30 поени
Финансиска понуда – 40 поени
ВАЖНО: Финансиската понуда ќе биде отворена и евалуирана само кај оние понудувачи кои ќе ја задоволат техничката евалуација.
- ИНСТРУКЦИИ ЗА ДОСТАВА НА ПОНУДАТА:
Понудата треба да се достави во соодветна форма т.е. на меморандум од компанијата – понудувач, изработена на македонски јазик во 3 (три) примерока. При испраќање на понудата задолжително треба да бидат одделени техничката и финансиската понуда, секоја во посебен затворен плик. Цените на услугите треба да бидат наведени во македонски денари без вкучено ДДВ.
Понудата треба да содржи печат и потпис од одговорно лице и да биде доставена во затворен плик (double sealed envelope), адресиран согласно подолу наведеното:
Назив: За младински театарски перформанс МОФ
Младински образовен форум (МОФ) НЕ ОТВОРАЈ |
Рок за достава на понудите: до 13.07.2023 (четврток) до 17:00 часот.
Отворањето на понудите ќе се врши на 14.07.2023 година, во 11:00, во просториите на Младински образовен форум.
На понудувачите не им следат надомести за трошоци или компензација за трошоци кои настанале за време на изработката и доставата на понудата.
[1] Портфолиото на субјектот треба да ги содржи основните информации за субјектот како и претходните искуства поврзани со креирање и изведување на перформанси и претстави.