Младински образовен форум – МОФ (во понатамошниот текст: Нарачателот) објавува конкурс за ангажирање истражувачка агенција за спроведување на истражување на јавното мислење меѓу младите (15 – 29 години). Во рамки на истражувањето предвидено е да се направи испитување на перцепциите, мислењата и ставовите на младите во Северна Македонија на тема бегалци, мигранти и лица без државјанство.
Повикот е наменет за правни лица.
Очекувани производи
– Спроведување на истражување на национално репрезентативен примерок од минимум 1000 млади (15 – 29 години);
– Логистичко спроведување и модерирање на 2 фокус групи со млади луѓе;
– Основна анализа и статистичка презентација на наодите од истражувањето;
– Дистрибуција на целосната база на добиени податоци до Нарачателот за понатамошни анализи.
Временска рамка
Ангажманот предвидува 10 (десет) работни дена, со датум на почнување 1.11.2021 и краен датум на завршување 13.11.2021 година.
Профил и квалификации на Агенцијата
Агенцијата треба да има знаење и искуство во спроведувањето на овој тип на активности за што треба да приложи соодветни докази (наведени во делот „Начин на аплицирање“). Тимот од консултанти/истражувачи треба да ги исполнува следните услови: способности за планирање и организација, подготвеност за спроведување на сите активности и особена насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
Начин на аплицирање
Заинтересираните Агенции потребно е да достават:
- Предлог- алатки за спроведување на истражувањето;
- Предлог-акциски план и временска рамка за спроведување на истражувањето (по активности и денови);
- Предлог-буџет според акцискиот план;
- Професионална биографија со вклучени референци за секој од консултантите;
- Портфолио на клиенти/организации за кои се спроведени ист или сличен вид на истражувања;
Наведените документи треба да се достават преку електронска пошта, на адресите info@mof.org.mk и nina_mircevska@radiomof.mk со назнака (Subject line): Апликација за спроведување на Истражување. Повикот е продолжен до 27 октомври (среда) 23:59 часот.
Заинтересираните кандидати кои ќе достават нецелосни апликации или кои ќе ги достават по истекот на рокот, нема да бидат земени предвид при разгледувањето на пријавите.
Кандидатите кои аплицирале, ќе бидат известени за резултатите од повикот телефонски и по електронски пат.