Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум на 06.03.2024 година се распишува овој
ПОВИК за два нови члена на Управниот одбор
Повикот се распишува за избор на два нови члена на Управниот одбор на МОФ, поради оставка, односно престанок на мандатот на два члена, од моменталниот состав.
Согласно Статутот на МОФ, мандатот на членовите на Управниот одбор трае 2 години, со можност членовите на Управниот одбор да бидат избрани неограничен број мандати. Мандатот на тековниот состав на Управниот одбор е започнат од 5 ноември 2022 година, што значи дека мандатот на новите два члена на Управниот одбор ќе трае до 5 ноември 2024 година.
Управниот одбор на МОФ претставува управен орган на Собранието на МОФ. Мнозинството членови на Управен одбор се избираат од редот на членовите на МОФ, кои биле активни во Здружението најмалку една година пред изборот и кои ги исполнуваат критериумите за избор предвидени со Деловникот на Управниот одбор. Член на Управен одбор може да биде и надворешно лице.
За член на Управниот одбор не може да биде избран Извршниот директор, Претседателот, Административниот директор, Програмскиот директор, програмските или проектните координатори или програмските асистенти на здружението, кои се покануваат на седниците на Управниот одбор, со право да даваат предлози и да учествуваат во дискусиите по точките на дневен ред, но без право на глас.
Според член 24 од Статутот на МОФ, Управниот одбор може да:
- Распишува конкурс за избор на Извршниот директор на здружението, го избира од пријавените кандидати на конкурсот кои ги исполнуваат условите предвидени со актите на здружението, со мнозинство од вкупниот број на членови на УО и го разрешува;
- Распишува конкурс, го избира и разрешува Административниот директор;
- Распишува конкурс за Претседател на здружението; распишува конкурс за избор на Програмскиот директор на здружението, го избира од
- пријавените кандидати на конкурсот кои ги исполнуваат условите предвидени со актите на
- здружението, со мнозинство од вкупниот број на членови на УО и го разрешува;
- Помеѓу две Собранија, одлучува за здружување и разделување од друго здружение и зазачленување во сојузи и меѓународни организации;
- Ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението, како и одлуките изаклучоците на Собранието;
- Донесува и реализира годишна програма за својата работа;
- Разработува и предлага стратешки насоки на развој на организацијата на Собранието;
- Разгледува, се вклучува во пишување и ја верификува одлуката при аплицирање напроектни и други ангажмани;
- Го разгледува Годишниот извештај за работата на МОФ и дава свое мислење пред да бидедоставен до Собранието на МОФ на усвојување;
- Предлага измени и дополнувања на Статутот;
- Усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со МОФ, а попредлог на Извршниот директор, Претседателот, Програмскиот директор и програмскитекоординатори на МОФ;
- Го разгледува и усвојува годишниот Извештај за работењето на Извршниот директор;
- Донесува соодветни правилници;
- Свикува седници на Собранието и подготвува материјали;
- Распишува конкурси за избор и донесува одлука за избор на координатори на програми ицентри на МОФ;
- Одлучува по поплаки и жалби на вработените поврзани со работниот однос;
- Донесува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;
- На секои шест месеци врши оценка и евалуација на работата на Извршниот директор, Претседателот, Административниот директор, Програмскиот директор, како и на програмските координатори;
- Врши избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на МОФ, чија вредност е поголема од 2,000 ЕУР во денарска противвредност врз основа на 3 понуди;
- Ја следи транспарентноста и демократското функционирање на МОФ и
- Врши други работи.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо до info@mof.org.mk со назнака „Апликација за Управен одбор“ најдоцна до 21 март 2024 година, до 23:59 часот.
Кандидатите кои ќе достават уредни апликации во дадениот временски рок ќе ја презентираат својата кандидатура на седницата на вонредното собрание на МОФ, која ќе се одржи на 20 април 2024 година.
За сите дополнителни прашања, може да се обратите на risto_saveski@mof.org.mk или на 078/421-567 .