Младински образовен форум, во партнерство со УНХЦР, објавува повик за есеј на тема поврзана со бегалците, барателите на азил, лицата без државјанство и мигрантите.
Оваа активност има за цел да ја подигне едукацијата на јавноста за бегалците, барателите на азил, лицата без државјанство и мигрантите.
Во рамки на активноста, предвидено е да се реализираат гостински предавања со цел на пријавените на повикот, да им се разјасни статусот на бегалците, барателите на азил, лицата без државјанство и мигрантите.
По доставувањето на есеите, стручна комисија во која ќе членуваат претставници од МОФ, РадиоМОФ и УНХЦР ќе ги оцени и рангира најдобрите есеи. Првите три ќе бидат објавени на социјалните мрежи и на веб-страните на Младински образовен форум, Радио МОФ и УНХЦР. Најдобриот есеј ќе биде објавен на 20.06.2022 на Денот на бегалците.
За наградените три есеи се предвидени следните награди:
- Прво место, награден ваучер во NEPTUN или Академска книга во вредност од 8.000 денари;
- Второ место, награден ваучер во NEPTUN или Академска книга во вредност од 6.000 денари;
- Трето место, награден ваучер во NEPTUN или Академска книга во вредност од 4.000 денари.
Може да аплицираат сите заинтересирани од 15 до 29 години, на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 05.06.2022 (недела, до 23:59 часот).
Заинтересираните, своите есеи може да ги поднесат на македонски, албански или англиски јазик.
За сите дополнителни информации може да се обратите на risto_saveski@mof.org.mk.
Активноста е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.