Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Oтворено општество – Македонија, отвора повик за изработка и реализација на едукативни модули од пет целини за повеќе неделна обука наменета за јакнење на капацитетите на студентските правобранители во борбата против дискриминацијата во високото образование.
Целта на оваа обука е јакнење на капацитетите на студентските правобранители и надоградба на нивните знаења од областа на спречувањето на дискриминација и постапувањето по истата.
Тематските целини за кои треба да се креираат предавања се:
- Запознавање со дискриминацијата и негативните последици од истата:
- Анализа на поимот дискриминација, облиците во кои таа се јавува, како и домашната регулатива и институции кои постапуваат по истата.
- Улогата на студентските правобранители и заштитата на студентските права и обврски:
- Анализа на надлежностите и обврските на студентските правобранители, анализа на студентските права и обврски, и можностите за нивна заштита на универзитетско ниво како и опфаќање на практичната заштита на правата на студентите преку поднесување на претставки, приговори и други правни поднесоци.
- Застапување и лобирање:
- Предавање за застапување и лобирање пред надлежните органи за заштита на студентите од дискриминација.
- Комуникација со јавност и студенти:
- Алатки и модели за соодветна комуникација со јавноста и студентите од страна на студентски правобранители
- Ментално здравје и психолошки пристап кон жртвите:
- Можности за обезбедување психолошка поддршка и советување кон студентите жртви на дискриминација
Избраниот/те кандидат(ка)/и(ки) ќе треба:
- Да подготви концепт и содржина за конкретниот модул во тематската целина за која поднесува предлог. Во концептот треба да биде опфатен детален опис на сесиите кои би биле опфатени, односно да ја опише содржината и активностите што ќе се реализираат во рамки на тематската целина.
- Да реализира предавање/а на избраната/ните тематска/ки целина/и во рамки на повеќе-неделниот модул.
Предавањата за секоја тематска целина треба да изнесуваат најмалку 90, а најмногу 240 минути.
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација за ангажманот на електронската адреса policy@mof.org.mk не подоцна од 24.09.2021 година (петок) 18:00 часот со наслов: „Пријава за креатор на концепт на едукативен модул за студентски правобранители“.
Кандидатите можат да аплицираат за една или повеќе тематски целини. Во пријавата кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
– Лична биографија (CV) на македонски јазик;
– Нацрт-концепт за тематска целина;
Експертите/експертките ќе бидат ангажиран/а во периодот од септември до ноември 2021 година.
За дополнителни информации или прашања слободно обратете се на електронската адреса borjan_eftimov@mof.org.mk.
Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено oпштество – Македонија.