Оваа објава е достапна и на: Shqip

Ажурирано на 23.02.2024 година.

Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, го реобјавува повикот за млади за изработка на медиумски производи на следните теми: конструктивни наративи, поттикнување на соработка, интеркултурен дијалог, разбирање и доверба.

Повикот е отворен за сите млади креативци на возраст од 16 до 26 години кои имаат желба да направат промени во својата заедница преку изработка на медиумски производи на теми поврзани со конструктивни наративи, поттикнување на соработка, интеркултурен дијалог, разбирање и доверба.

Услови и обврски за учество во програмата

Заинтересираните кандидати за учество во програмата потребно е да се:

  • Млади лица на возраст од 16 до 26 години;
  • Заинтересирани за темите на проектот;
  • Во можност да учествуваат на четиридневна креативна обука за градење вештини за подготовка на медиумски производи (7-10 март 2024);
  • Вклучат во теренска работа во локалните заедници и со помош и поддршка од ментори по обуката да ги изработат медиумските производи.

Главната цел на програмата е да поддржи 15 млади во промоција на позитивни наративи, од младите за младите кои ќе поттикнат мултиетничка соработка, инклузија и родова еднаквост. *При изборот на учесници ќе биде земена предвид географската распределба на апликантите.

Областите на кои ќе треба да се фокусирани медиумските производи вклучуваат: 

  • Врсничка едукација,
  • Идентитет и интеркултурен дијалог,
  • Младинско учество,
  • Младински активизам и
  • Обликување на перцепциите за стереотипи, предрасуди и дискриминација.

Избраните учесници ќе имаат можност преку различни сесии, за време на четиридневната обука, да се запознаат со основите на новинарството и развивање на приказна, новинарска фотографија, техники за видео и аудио снимање и едитирање на мултимедијални производи.

По завршување на обуката, учесниците ќе работат со ментор кој ќе ги советува и ќе им помага при изработка на медиумските производи. Учесниците ќе имаат слобода да изберат различен формат кој ќе го користат при изработка на медиумските производи: веб, видео, аудио или печатени. Трошоците поврзани со спроведување на задачата ќе бидат соодветно надоместени по претходно одобрување и во согласност со политиката на организаторот.

Сите медиумски содржини кои ќе бидат изработени од младите учесници ќе бидат објавени и на социјалните мрежи на МОФ и УНФПА.

Краен рок за аплицирање е 1-ви март 2024, на следниот ЛИНК. Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 5-ти март 2024 година. *Апликациите кои пристигнаа на отворениот формулар заклучно со 20.02.2024 година ќе се земат предвид во финалната селекција на учесници. Апликантите кои имаат аплицирано, нема потреба повторно да го пополнуваат апликацискиот формулар.

Доколку ви се потребни дополнителни информации или имате прашања, слободно обратете се на Ивона Кузмановска на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: