Барај
Close this search box.

Повик за извршен директор на Младински образовен форум

МОФ отвора повик за Извршен директор на Младински образовен форум.

Секое заинтересирано лице кое ги исполнува критериумите за избор може да се пријави на конкурсот преку испраќање на:

  1. Лична биографија;
  2. Мотивационо писмо и 
  3. Концепт за развој на позицијата за период од 3 години (септември 2024 – август 2027 година)

Со цел Предлог-програмата за работа на позицијата да ги содржи клучните заложби на целокупното работење на организацијата и да се даде можност кандидатот да ги претстави своите идеи и предлози, во поднесената Предлог-програма, меѓу другото, кандидатот треба да даде одговор и на следните прашања:

  1. Идеи и предлози на кандидатот за процесот за дефинирање на внатрешното тековно работење на организацијата
  2. Предлог активности и процеси кои ќе водат кон јакнење на внатрешните капацитети на организацијата и зголемување на мотивацијата на нејзините вработени лица и членови
  3. План за спроведување на Стратешкиот план на организацијата
  4. План за јакнење на финансиската одржливост на организацијата
  5. Идеи и предлози  за справување со ризици и обезбедување фондови
  6. План за создавање на нови партнерства, соработки и вмрежувања и јакнење на постоечките
  7. Други прашања кои кандидатот смета дека се важни и потребни за развојот на организацијата

Извршниот директор работи со мандат од 3 години и има право на уште 2 реизбора согласно условите наведени во TOR-от за позицијата.

Описот на обврските на Извршниот директор е наведен во TOR-от прикачен кон овој повик.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 21.07.2024 година (недела, 23:59 часот) на info@mof.org.mk и pretsedatel_uo@mof.org.mk.

На наведените мејл адреси можат да се постават и дополнителни прашања поврзани со
повикот.

Кандидатите кои ќе се кандидираат на овој повик ќе бидат поканети на седница на Управниот одбор за презентација на својата кандидатура.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: