Согласно чл. 24 од Статутот на МОФ, Младински образовен форум објавува Повик за програмски координатор на програмата Учиме право.
Координаторот на програмата Учиме право работи со мандат од 18 месеци и има право на неограничен реизбор согласно условите наведени во TOR-от за позицијата.
Опис на обврските на координаторот се наведени во TOR-от прикачен кон овој повик.
Ангажманот на координаторот е 40 часа неделно и за истиот има предвиден финансиски надоместок во износ од 25.000 – 30.000 денари нето во зависност од искуството и образованието на кандидатот.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 26.10.2023 година (четврток, 23:59 часот) на info@mof.org.mk и matejpopducev@hotmail.com, со праќање на:
– Биографија (CV) на македонски јазик;
– Moтивациско писмо на македонски јазик во должина до 1 страница;
– Предлог-програма за работа на програмата на македонски јазик во должина до 5 страници.
Управниот одбор на МОФ го задржува правото да спроведе интервју со потесен круг на кандидати или да побара од кандидатите да ги презентираат нивните кандидатури на седница на УО.