Повик за Координатор/ка на комуникации во Младински образовен форум

Биди дел од тимот на МОФ!

 

Младински образовен форум објавува Повик за Координатор/ка на комуникации одговорен/на за креирање содржини за вебстраницата и социјалните мрежи на организацијата како и промоција и брендирање на програмите, проектите и активностите на организацијата кон јавноста.

Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.

 

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Координатор/ка за комуникации

ЛОКАЦИЈА: Канцеларија на МОФ, Скопје

 

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ/КАТА:

  • Да има навршено 18 (осумнаесет) години;
  • Способност за пронаоѓање на креативни решенија за промоција на активностите на МОФ;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Способност за непречена комуникација со организации, институции и медиуми;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на програмата и организацијата.

 

ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:

  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик. Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Минимум завршено средно образование, завршено високо образование во областа на комуникациски студии, односи со јавност, новинарство и/или маркетинг, ќе се смета за предност;
  • Најмалку 2 годишно работно искуство во координирање и спроведување на комуникациски активности/односи со јавноста, што вклучува искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали, креирање на соопштенија за јавноста, водење на социјални медиуми и познавање на останати алатки за информирање и промоција. Искуство со донаторски проекти ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на MS Office алатките: Word, Excel и PowerPoint;
  • Познавање на програми за дизајнирање (Adobe Photoshop, InDesign, Illustrator, Canva) и WordPress ќе се смета за предност;
  • Претходно искуство со граѓански организации, посебно младински организации ќе се смета за предност.

 

ОПИС НА ГЛАВНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Исполнување на работно време од 40 работни часа неделно.
  • Активна вклученост во исполнувањето на стратешките цели, приоритети и активности на МОФ;
  • Подготовка на Комуникациска стратегија и акциски план за активностите на МОФ;
  • Подоготвка на концепти за промоција на продукти кои произлегуваат од програмите, проектите и младинските центри на МОФ;
  • Одржување на редовна комуникација и координација со Извршниот директор, Прогрмаскиот директор, Претседателот, програмските/проектните тимови и младинските центри на МОФ;
  • Ќе работи со програмските и проектните тимови за изнаоѓање на креативни решенија околу адекватни промотивни материјали и ќе се грижи за дистрибуција до целните групи на проектот/програмата преку релевантни медиуми и мрежни канали;
  • Контрола и креирање на содржини (печатени и дигитални) кои организацијата ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
  • Обезбедување медиумска покриеност на активностите на МОФ;
  • Подготовка и одржување на содржини за веб-страницата и останатите информативни канали на МОФ;
  • Учество во организација на настани во склоп на МОФ;
  • Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
  • Редовно ги следи објавите во медиуми поврзани со МОФ и истите ги документира.

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија и млади луѓе;
  • Поддршка во исполнување на работните задачи;
  • Двонасочна евалуација на перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој;
  • Проширување на мрежата на познанства со претставници на други организации и институции во земјава и странство;
  • Можност за унапредување на лични и меки вештини;
  • Учество на настани, конференции, семинари, обуки како претставник на МОФ.

 

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 12.03.2023 година (недела) до 23:59 часот на info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk со назнака „Апликација за координатор/ка за комуникации“со испраќање на:

– Биографија (CV) и

– Moтивациско писмо во должина до 1 страница.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Младински образовен форум.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете се на: info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: