Младински образовен форум објавува Повик за програмски координатор на програмата Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики.
Координаторот на програмата Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики работи со мандат од 18 месеци и има право на неограничен реизбор согласно условите наведени во TOR-от за позицијата.
Опис на обврските на координаторот се наведени во документот прикачен на следниот ЛИНК.
Ангажманот на координаторот е 40 часа неделно и за истиот има предвиден финансиски надоместок во износ од 20.000 – 25.000 денари нето во зависност од искуството и образованието на кандидатот.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 28.11.2021 година (недела, 23:59 часот) на info@mof.org.mk и ivanapetkovska91@yahoo.com, со праќање на:
– Биографија (CV);
– Moтивациско писмо во должина до 1 страница
– Апликација за работа прикачена не повеќе од 2 страни, достапна на следниот ЛИНК
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Управниот одбор на МОФ. Управниот одбор во полн состав ќе донесе одлука за избор на координатор на програмата.
Сите информации поврзани со повикот за работната позиција се достапни на следниот ЛИНК
Доколку имате одредени прашања можете да се обратите на горенаведените мејлови.