Повик за координатор на Радио МОФ

Младински образовен форум објавува повик за Координатор на Радио МОФ.

Радио МОФ претставува независен онлајн медиум кој споделува информативни и музички содржини, достапни на www.radiomof.mk. Програмата се состои од вести, покривање на актуелни настани и теми како образование и култура продуцирани од страна на новинари и млади луѓе.

Координаторот на Радио МОФ ќе биде ангажиран на неопределено време со пробен период на работа од 3 месеци. Координаторот е предвидено да започне со својот ангажман на почетокот на месец март 2022 година.

Опис на обврските на координаторот се наведени во документот прикачен на следниот ЛИНК.

ПРОФИЛ, ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Навршени 18 (осумнаесет) години;
  • Минимум завршено средно образование, високо образование ќе се смета за предност, , особено во  областите комуникации, менаџмент, медиуми, новинарство;
  • Искуството со работа во медиум (радио или веб-ориентиран медиум) е пожелно и ќе се смета за предност;
  • Искуството со работа во невладин сектор е пожелно и ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик;
  • Способност за раководење со тим составен од повеќе членови;
  • Способност за непречена комуникација со организации, институции и медиуми;
  • Исполнување на полно работно време (40 часови неделно);
  • Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на Радио МОФ и Младински образовен форум.

Ангажманот на координаторот е 40 часа неделно и за истиот има предвиден финансиски надоместок во износ од 20.000 – 25.000 денари нето во зависност од искуството и образованието на кандидатот.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 20.02.2022 година (недела, 23:59 часот) на info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk, со праќање на:

– Биографија (CV);

– Moтивациско писмо во должина до 1 страница

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју.

Доколку имате одредени прашања можете да се обратите на горенаведените мејлови.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: