Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за млади истражувачи во рамки на проектот Академски стипендии за граѓанско општество, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.
Целта на проектот е да се искористат ресурсите и капацитетите на МОФ и знаењето и искуството на алумни стипендистите на ФООМ градејќи мрежа на млади истражувачи кои ќе имаат можност да креираат истражување на тема релевантна за младите. Учесниците кои ќе се пријават на повикот ќе имаат прилика да учествуваат на дводневна обука каде ќе се запознаат со основите на научното пишување, методологијата, анализата на податоци и основните алатки за собирање податоци.
За 3 учесници од обуката, Младински образовен форум ќе обезбеди финансиска и менторска поддршка за споредување на истражување поврзано со областите млади и образование. Истражувањата ќе ги спроведат избраните истражувачи кои ќе бидат менторирани од искусни истражувачи од МОФ и мрежата на алумни стипендисти на ФООМ.
За учество апликантите треба да ги исполнат следните услови:
- Да се млади лица на возраст од 18 до 29 години;
- Да покажуваат интерес во истражувања во областите образование, политики за млади, социјални и политички прашања од важност за младите;
- Да имаат разбирање за клучни младински проблеми на локално и национално ниво;
- Да се во можност да посетат дводневна обука за млади истражувачи од 25 до 26 септември 2021 година;
- Да се во можност да учествуваат во истражувањето со поддршка од ментор во периодот од октомври до декември 2021 година;
- Да го финализираат истражувањето до декември 2021 година;
- Да го презентираат своето истражување на завршниот настан организиран од МОФ.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 17 септември (петок) 2021 година на policy@mof.org.mk.
За аплицирање потребно е да се достават следните документи:
- CV на апликантот
- *Резиме за предлог истражување
Изборот ќе го врши комисија составена од претставници на МОФ .
Организаторот може да побара дополнителни информации за истражувањето од истражувачот/тимот истражувачи.
Најдобрите три предлог истражувања ќе бидат реализирани и менторирани во текот октомври– декември. Избраните истражувачи ќе имаат 3 месеци за изработка на трудовите од времето на потпишување на договорот, реализирајќи ги најдоцна до 20-ти декември 2021 година.
Сите заинтересирани апликанти кои имаат прашања, потреба од консултација или појаснувања за повикот можат да нè контактираат на policy@mof.org.mk.