Дебатниот клуб на Првен факултет и оваа година започнува регрутација на нови членови. Сите студенти кои се заинтересирани да членуваат во дебатниот клуб можат да пријават учество преку пополнување на online апликација или лично да се пријават кај асс. Катерина Шапкова. Првата средба на Клубот со новите дебатери е закажана за вторник (15.10), во 16 часот, во амф.7 на Правен факултет.
Дебатниот клуб го практикува форматот Британска парламентарна дебата, наjпознат и најраспространет формат на дебатирање на универзитетско ниво ширум светот. Средбите се случуваат еднаш неделно во просториите на факултетот. Минатата година, членовите на клубот имаа можност покрај редовните предавања, да учествуваат и на меѓуклубски турнир, јавни дебати како и на летна академија.
Дебатниот клуб на Правен факултет, функционира во соработка со Младински образовен форум.