Повик за нови членови на програмата Учиме право

Драги средношколци, Младински образовен форум отвора повик за нови членови во Учиме право клубовите!

Клубовите на МОФ ќе ти овозможат да се предизвикаш себе си, да научиш многу во неформална атмосфера и да се вклучиш на бројни онлајн и офлајн локални, национални и меѓународни настани. Опкружувањето со супер друштво ќе те мотивира да се подобриш и да стекнеш нови искуства и знаења надвор од формалното образование.

Програмата Учиме право (Steet Law) е насочена кон едукација на младите за човековите, граѓанските и политичките слободи и права, демократијата и концептот на владеење на правото. Основна идеја Учиме право е дека демократските вредности не се наследни, туку секојдневно се учат и само преку негување на овие вредности и нивно секојдневно практикување може да се очекува постоење на младина која е свесна за своите загарантирани слободи и права и активна во процесот на развој на демократското општество, остварување на принципот на владеење на правото и јакнење на правната држава. За да станеш член на програмата, се што треба да направиш е да го пополниш формуларот кој е достапен на ОВОЈ ЛИНК.

Предавањата се бесплатни, се одржуваат еднаш неделно, и достапни за сите средношколци од целата држава. Предавањата се интерактивни, а во центарот на вниманието се става поединецот и се одвиваат на начин кој поттикнува дискусија и отвора можност за слушателите да ги изразуваат своите ставови и мислења во една слободна и опуштена атмосфера. Клубовите ги посетуваат повеќе од 100 средношколци годишно во рамки на Учиме право клубовите во своите средни училишта и младинските клубови во рамките на партнерските организации на МОФ.

Преку Учиме право работилниците, покрај предавања од тренерите, учениците имаат можност да слушнат предавања од страна на стручни лица-експерти како судии, јавни обвинители и адвокати. Дополнително, програмата на своите членови им нуди можност преку различни организирани активности да посетат различни дражвни институции и тела или да бидат дел од симулации кои го
претставуваат нивното работење. На овој уникатен начин програмата цели да создаде врска помеѓу концептот на демократијата, човековите права и правниот систем и нивното влијание во секојдневниот живот.

Во рамки на програмата Учиме право секоја учебна година се организираат голем број настани. Меѓу позначајните настани може да се издвојат квизови за проверка на знаењето, голем број на јавни симулации на судења и судски постапки од казненото и граѓанското право, како и симулации на работата на органи на Европската Унија и Обединетите Нации и начинот на донесување одлуки.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: