Повик за нови членови на Управниот одбор на МОФ

Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за нови членови на Управниот одбор на МОФ.
Повикот се распишува поради истек на мандатот на моменталните членови на одборот.

Согласно Статутот на МОФ, мандатот на членовите на Управниот одбор трае 2 години, со можност членовите на Управниот одбор да бидат избрани неограничен број мандати.

Управниот одбор на МОФ претставува управен орган на Собранието на МОФ и брои 7 членови. Мнозинството членови на Управен одбор се избираат од редот на членовите на МОФ, кои биле активни во Здружението најмалку една година пред изборот и кои ги исполнуваат критериумите за избор предвидени со Деловникот на Управниот одбор. Член на Управен одбор може да биде и надворешно лице.

За член на Управниот одбор не може да биде избран Извршниот директор, Претседателот, Административниот директор, Програмскиот директор, програмските или проектните координатори или програмските асистенти на здружението, кои се покануваат на седниците на Управниот одбор, со право да даваат предлози и да учествуваат во дискусиите по точките на дневен ред, но без право на глас.

Надлежностите на Управниот одбор се пропишани во член 24 од Статутот на Младински образовен форум.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо до info@mof.org.mk со назнака „Апликација за Управен одбор“ најдоцна до 28 октомври 2024 година, до 23:59 часот.

Кандидатите кои ќе достават уредни апликации во дадениот временски рок, ќе ја презентираат својата кандидатура на седницата на Генералното собрание на МОФ, која ќе се одржи на 9 ноември 2024 година.

За сите дополнителни прашања, може да се обратите на risto_saveski@mof.org.mk или на 078/421-567 .

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: