Што е Медиа/Арт?
Медиа Арт клубовите на МОФ се место каде членовите добиваат можност да ја уживаат слободата на изразување преку користење на новите медиуми и уметноста како алатка за младински активизам. Членовите во линија со своите интереси користат најразлични техники како дигитална уметност, улична уметност, видео и аудио изразување, организирање настани и акции и сл. Градови во кои моментално имаат Медиа/Арт клуб се: Скопје, Тетово, Струга, Велес и Неготино.
Зошто Медиа клуб?
Ова е одлична шанса за членовите да научат да пишуваат новинарски текстови, да покриваат настани, да видат како функционира и да се вклучат во Радио МОФ, да имаат сопствена емисија, да научат монтажа, видео, да бидат дел од работилници за фотографија.
Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, а пријавувањето е најдоцна до 7ми октомври 2015 година, преку пополнување на формуларот на следниов линк. Напоменуваме дека не е потребно претходно искуство на темата.
Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик.