Младинскиот образовен форум објавува Повик за нови предавачи во програмата „Учиме право“. Повикот е отворен за сите заинтересирани студенти на правни студии, запишани во втора и трета година на студии, како и на мастер студии.
Доколку сакаш да се стекнеш со ново искуство и прагматични правни вештини, да бидеш предавач во Учиме право програмата, пријави се на обуката за нови предавачи. Младински образовен форум [МОФ] веќе 10 години успешно ја спроведува Учиме право програмата во многу средни училишта во Република Македонија.
Превземето го целиот повик тука.
Пријавувањето може да го направиш со испраќање на CV на ucime_pravo@mof.org.mk и задолжително да пополниш онлајн формулар кој може да го преземеш тука .
Обуката ќе се одржи на 6 и 7 октомври 2012 година во Скопје.
Пријавувањето е најдоцна до 4 октомври 2012 година.
Што е Учиме право?
Во периодот од 1999 до сега Учиме право се спроведe во повеќе од 30 средни училишта низ Македонија, а денес редовни предавања се оддржуваат во повеќе средни училишта во Скопје и други градови во Република Македонија. Повеќе од 10 години, Учиме право функционира како програма во рамките на Младински образовен форум, во склоп на која се организираат предавања и работилници поврзани со правото и демократското општество. Секоја година се одржуваат голем број на симулации на судења од областа на кривичната материја, симулација на работата на органите на Европската Унија, квизови за проверка на знаењата, посети на голем број институции како и предавања од страна на стручни лица, се со цел правото да се доближи повеќе до младите, да се негуваат демократските вредности и младите да се запознаат повеќе со своите права и како практично да ги применуваат истите во секојдневниот живот.