Повик за нови предавачи „Учиме право“

Доколку сакате да бидете дел од групата предавачи по Учиме право и директно да се вклучите во промоција и пренесување на основните правни принципи на младите преку предавања и работилници поврзани со правото и демократското општество, пријавете се за учество на обуката за нови предавачи која ќе се одржува од 25-27 ноември 2011 година, во Скопје. Учиме право е дел од Програмата за неформално образование на МОФ , која веќе 11 години се имплементира во средни училишта во Скопје, а од оваа година и во Тетово, Струга, Радовиш и Велес.

За да се пријавите треба да испратите своја кратка биографија и пополнет формулар за пријавување (кој може да го симнете од веб сајтот на МОФ) на ucime_pravo@mof.org.mk најдоцна до 22 ноември 2011 година.

Со успешно завршување на оваа обука, станувате дел од телото на предавачи Учиме право во МОФ и имате можност да учествувате во активностите на Програмата за неформално образование и Младински образовен форум.

Кој може да аплицира?

Повикот е отворен за сите заинтересирани студенти на правни студии, запишани во втора и трета година на студии, како и на мастер студии.

Превземи формулар 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: