Националниот младински совет на Република Македонија објавува повик за дводневна обука и кампања за младинско застапување на темата “Промовирање на младински активизам.” Тренингот се оддржува во рамките на проектот “Младинско граѓанско образование” во којшто 4000 активисти од цела Македонија ќе работат на непосредно решавање на проблемите со коишто тие се соочуваат во секојдневието.
Учесниците ќе имаат прилика да учествуваат на дводневна обука за младинско застапување и водење на кампањи спроведена од страна на предавачите на Националниот младински совет.
Обуките ќе се реализираат во просториите на Младинскиот образовен форум и Ромаверзитас во наведените термини:
- 20 – 21 септември (сабота и недела)
- 27 – 28 септември (сабота и недела)
За учество на обуките кандидатите треба да ги исполнат следните услови:
- Да се на возраст од 16 до 25 години;
- Да имаат основно искуство во областа на младинскиот активизам;
- Да покажуваат интерес за вклучување во идни граѓански иницијативи;
- Да покажуваат интерес и разбирање за клучните младински проблеми на локално и национално ниво.
Обуката ја држат: Maртин Алексоски (Младински образовен форум), Јане Плавевски (Сојуз на извидници на Македонија), Петар Димитров (Младински образовен форум) и Емир Слезовиќ (Волонтески центар Скопје).
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 17 ти септември со наведување на име, презиме, возраст, дата на обуката и искуство од областа на младинскиот активизам на martin_aleksoski@mof.org.mk и jane@scout.org.mk.
Бројот на учесници е ограничен. Предност ќе им биде дадена на кандидатите кои не се на раководни функции во невладини организации. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на обучувачи од тимот на тренери на Националниот младински совет на Република Македонија. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.