Барај
Close this search box.

Повик за обука за нови предавачи по Учиме право

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на програмските активности на Учиме право  објавува Повик за обука за нови предавачи по Учиме право (Street Law).

За учество на оваа обука, кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:

– Да се студенти на правни студии на Правен факултет, запишани во трета година, дипломирани правници или студенти на мастер студии по право;
– Да поседуваат развиени говорни и презентациски вештини;
– Да располагаат со способност за работа во тим и со млади луѓе;
– Да имаат високо ниво на говорен и пишан англиски јазик.

Покрај овие задолжителни услови, предност ќе им биде дадена на кандидатите со следните квалификации:

– Добро познавање на македонски и албански јазик во говорна и пишана форма.
– Досегашно членство и вклученост во невладиниот сектор, особено во организации кои имаат искуство во работа со млади луѓе.

Обуката ќе се одржи на 23 и 24 ноември 2013 година во Скопје и ќе трае од 10:00-16:30 часот.

Сите заинтересирани лица може да аплицираат на овој повик со испраќање на CV (Europass формат) и мотивационо писмо со кое ќе го образложат својот интерес за пријавување на оваа обука на е-mail: ucime_pravo@mof.org.mk со назнака во насловот „Обука за нови предавачи по Учиме право“, најдоцна до 21.11.2013 (четврток) до 17:00 часот.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат дополнително исконтактирани и известени околу деталите за оваа обука.

Подетални информации за овој повик може да добиете на 02/ 3 139 692 локал 105.

Информации во однос на Учиме право програмата може да добиете на следниов линк.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: