Дебатната програма во рамките на Младински образовен форум ве поканува да го проследите „Онлајн курсот за Aргументирано изразување“.
Умешноста правилно и аргументирано да се изразите е една од најважните вештини кои треба да се поседуваат. Држењето на јасен, слободен, прецизен и концизен говор е способност која се користи во најразлични ситуации во текот на целиот живот. При секојдневните разговори, усни испити, интервјуа, состаноци и јавни настапи, поседувањето на исклучителна реторичка способност може во голема мера да ја промени сликата која луѓето ја имаат за вас.
Со цел вистински да ги совладате техниките на успешно говорење и да се стекнете со оваа вештина, МОФ во текот на претстојниот период ќе одржи „Онлајн курс за Аргументирано изразување“ составен од 4 предавања кои ќе имаат за цел да ве обучат како правилно да градите еден аргумент, да ја анализирате темата која е пред вас, правилно да и пристапите и финално да структурирате еден целосен и концизен убедлив говор.
Курсот започнува од 14-ти мај 2020 и ќе биде воден од страна на искусни дебатни тренери од МОФ. Предавањата се двочаснови и ќе се одржуваат еден месец, секој четврток со почеток во 19:00 часот на платформата за видеокомуникација Zoom со следниот распоред:
- 14-ти мај – Што е дебата и аргумент?
- 21-ви мај – Видови аргументи и техники на побивање;
- 28-ми мај – Анализа на тема;
- 4-ти јуни – Конструкција на говор.
Учеството на курсот е бесплатно, се што треба да направите за да присуствувате е да се регистрирате пополнувајќи го следниов формулар: https://forms.gle/ME3R8tj12AgVijMs5. Кога ќе дојде терминот за предавање ние ќе ви испратиме е-маил со линк до предавањето.
Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.