Младински образовен форум (МОФ) во рамките на програмата Учиме право при Програмата за неформално образование објавува Јавен повик за обука за нови предавачи по Учиме право (ToT).
Кандидатите кои би сакале да земат учество на оваа обука, потребно е да ги исполнат следниве критериуми:
– Да се студенти на правни студии на правен факултет, оваа академска година запишани најмалку во трета година, дипломирани правници или студенти на постдипломски студии по право;
– Да располагаат со способност за работа со млади луѓе во мултиетнички средини;
– Да поседуваат развиени говорни и презентациски вештини.
Програмата Учиме право е насочена кон правна едукација на младите и запознавање со основите на демократијата и правниот систем, владеење на правото и остварувањето и заштитата на човековите, граѓанските и политичките права и слободи. Моментално активно функционира во 8 градови: Скопје, Тетово, Кичево, Струга, Битола, Велес, Штип и Гевгелија.
За потребите на Учиме право клубовите во Скопје, Тетово, Кичево и Струга дополнително ги охрабруваме да се пријават и оние заинтересирани лица кои солидно ги познаваат македонскиот и албанскиот јазик во говорна и пишана форма.
Оваа обука ќе се одржи на 08 и 09 ноември (сабота и недела) 2014 година во Скопје и двата дена ќе трае од 10:00 – 17:00 часот. Целата обука ќе се одвива на македонски јазик.
Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат овие услови, може да се пријават со испраќање на CV (Europass формат) на ucime_pravo@mof.org.mk [со назнака: Обука за нови предавачи по Учиме право] и пополнување на оваа апликација, најдоцна до 05 ноември (среда) 2014 година до 17:00 часот.
Испраќањето на CV и пополнувањето на формуларот се задолжителни.
Само оние апликанти кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат дополнително контактирани по телефон и подетално информирани околу целата обука до 07 ноември (петок) 2014 година.
За дополнителни информации и прашања, може да се обратите на ucime_pravo@mof.org.mk или на телефон: 02 / 3 139 692.
Сите лица кои ќе присуствуваат на целата обука и истата ќе ја поминат, ќе се стекнат со сертификат за помината обука и ќе добијат прилика да се вклучат во работата на Учиме право клубовите во текот на целата учебна година, под менторство на постарите предавачи.
Дел од обврските на членовите на телото на предавачи се:
– Учество во креирањето на содржината на предавањата и активностите во рамките на програмата;
– Сериозен и одговорен пристап кон предавањата во клубовите;
– Помош во осмислувањето и реализирањето на јавните настани;
– Редовно присуство на состаноците.
Повеќе информации за програмата Учиме право може да најдете на следниов линк.