Младински образовен форум (МОФ) во рамки на активностите на програмата Младински Активизам отвора Повик за предавачи во клубовите Артивизам.

Артивистичките клубовите на Младински образовен форум се место за слободно и креативно изразување на младите. Членовите на клубовите посетуваат предавања во кои учат за формите на активизам, демократија, младинско организирање, медиумска писменост, како и работилници за креативни активистички алатки. Содржините кои младите членови на клубовите ги создаваат имаат за цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретна општествена тема од нивен интерес за помагање на локалната заедница преку младински активизам. За ангажманот е предвиден симболичен финансиски надоместок.

Обврските на Предавачот се:

– Одржување редовни неделни предавања во клубовите;
– Редовна комуникација со програмскиот координатор и асистент и асистент-предавачот на клубот;
– Изработка на извештај за средбите на клубот;
– Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на активностите на клубовите;
– Реализирање на активности во склоп на програмата Младински Активизам, во која спаѓаат и младинските клубови;
– Задолжително присуство на координативни состаноци и
– Задолжително присуство на Тренинг за предавачи кој ќе се одржи во месец семптември. (Тренингот ќе им помогне на пријавените предавачи да добијат глобална претстава за ангажманот, обврските, методологијата и начинот на реализирање на предавањата во рамки на клубовите).

Потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

– Да се млади на возраст од 15 до 29 години;
– Да имаат основни познавања во областите: нови медиуми, култура, уметност и активизам;
– Да поседуваат одлични комуникациски вештини, со познавање на говорен и пишан англиски јазик;
– Способност да работат во тим;
– Можност да работат за време на викенди.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со пополнување на Апликацијата за предавач на следниот линк најдоцна до недела, 21-ви август 2022 година, (23:59). За прашања поврзани со повикот, обратете се на адресите: ivona_kuzmanovska@mof.org.mk и pande_eftimov@mof.org.mk.

Клубовите се финансирани од проектот „Fostering Youth Activism through Online Media”на National Endowment for Democracy.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: